Утрински Весник
Македонија

Прегазен 80-годишен маж од Тетово

Денеска околу 09.30 часот на улицата Иво Лола Рибар во Тетово,  автомобил „опел виваро“, со тетовски регистарски ознаки, управуван од Ж.Р.(47) од Тетово удрил во Ж.А.(80) од Тетово.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

Можете да прочитате

ИЈЗ со препораки за заштита од загадениот воздух и чадот од пожарите“

После 7 часа борба со оганот, пожарот во Трубарево ќе се гаси со песок

Додека Скопје се дави во канцероген чад, министерот си тера кампања во Чаир