Утрински Весник
Свет

Прв случај на омикрон потврден и во Јапонија

Прв случај на омикрон потврден и во Јапонија

Во Јапонија денеска е потврден првиот случај на омикрон кај турист кој неодамна пристигнал во земјата од Намибија.

Секретарот на јапонската влада Хироказу Мацуно изјави дека пациентот има околу 30 години, тестиран бил завчера на аеродром и по позитивниот резултат веднаш е изолиран и прима редовна терапија.

Анализата вчера утврди дека тој е заразен со новиот вид омикрон, за кој Светската здравствена организација предупреди дека е ризичен. Овој вид првпат бил откриен во лабораторија во Јужна Африка.

Јапонските власти вчера објавија дека ќе бидат забранети сите пристигнувања во земјата со цел да се спречи ширењето на новиот вид, за кој експертите предупредуваат дека може да биде опасен и по вакцинирањето.

Можете да прочитате

Во 2026 повторно ќе се плаќа такса за посета на Венеција

Русија ќе одговори доколку другите земји ѝ дозволат на Украина да го користи нивниот воздушен простор за напади

Марта Кос ги оцени инцидентите на локалните избори во Србија