Утрински Весник
Економија

Прва посета на осигурителни компании од Турција, можна соработка во здравственотo и осигурувањето штети од земјотреси

Прва посета на осигурителни компании од Турција, можна соработка во здравственотo и осигурувањето штети од земјотреси

Скопје, 14 февруари 2020 (МИА) – Осигурителни компании од Турција, членки на Истанбулската трговска комора (ИТО), вчера на средба со Стопанската комора Македонија – Турција (МАТТО) во Скопје ги разгледале можностите за развивање заднички производи и оцениле дека е можна соработка во областа на здравственотo и осигурувањето штети од земјотреси.

Ова, како што информира МАТТО, е прва посета на претставници на осигирителна индустрија на Република Турција. Посетата е истражувачка за проценка на можност за соработка, инвестиции и проектно партнерство.

-Турската бизнис делегација, предводена од претседателот на Здружението на осигурителните куќи, Хусејин Дуру, беа пречекани од претседателот на МАТТО, Ајдован Адемоски и од Марија Томеска, потпретседател на МАТТО и претседател на Управниот одбор на „Еуролинк“. Двете страни ги претставија индустриите и констатираа дека заеднички можат да развиваат осигурителни производи: здравствено осигурување, кое е во подем кај нас, а во Турција доживува експанзија, како и осигурување во областа на штети од земјотреси, кое кај нас не постои, а во Турција е развиено. Турската страна ја презентираше онлајн платформата „Осигурителен инфо центар” што ја интегрира цела осигурателна индустрија (економски оператори, производи и цени), а се апдејтира на дневната основа. Со платформата се постигнува транспарентност, и за компанниитре и за граѓаните и се влијае на регулацијата на овој пазар, информира МАТТО.

Осигурителната индустрија во Турција лани направила обрт од 12 милијарди евра. мч/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Во Одборот на директори на ЗК Пелагонија влегува Јове Кекеновски

Нова инвестиција на турската компанија „Чагатај Кабло“ во ТИРЗ Скопје, до 200 нови работни места

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот