Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

По 30 години откриено село на духови: „Како да гледам филм, тажен сум и се плашам“

По 30 години откриено село на духови: „Како да гледам филм, тажен сум и се плашам“
Dik 300x250 mk

Селото Асерадо во Галиција, Шпанија, кое беше поплавено во 1992 година за да се изгради резервоарот Алто Линдосо, повторно ги почувствува сончевите зраци поради продолжената суша.

„Селото на духови“ кое произлезе од речиси исушениот резервоар на границата меѓу Шпанија и Португалија, привлече голем број локални жители и туристи со своите морничави урнатини.

Бидејќи резервоарот е полн само 15 отсто, сега се открива еден вид временска капсула од 1992 година – кога овој северозападен дел на Галиција беше потопен.

„Тоа е како да гледам филм. Тажен сум. Загрижен сум што ќе се случи во наредните години поради сушите и климатските промени“, изјави 65-годишниот пензионер Максимо Перез Ромеро.

Шетајќи по калливиот терен кој на места почна да пука од сушата, посетителите наоѓаат срушени покриви, срушени тули и дрвени греди кои некогаш формирале врати, ѕидови и столбови.

 

‘Рѓосаната фонтана сè уште стои, а покрај зградата што порано била кафуле, има наредени гајби со празни пивски шишиња.

Марија дел Кармен Јањез, градоначалничката на областа Лобиос, чиј дел е Асерадо, вели дека ваквата состојба е предизвикана од сушата, но и од „прилично агресивната“ експлоатација на струјата од страна на португалската компанија за дистрибуција на електрична енергија.

Можете да прочитате

Овие три хороскопски знаци никогаш не бегаат од проблемите

Пет хороскопски знаци ќе имаат неверојатен успех во кариерата во 2026 година

„Ветуваме дека ќе продолжиме таму каде што тој застана“: Второто семејство на Панчо, Sure Shotz, порача дека ќе ја продолжи неговата мисија!