Утрински Весник
Македонија

По 19. пат ќе се дарува крв за Голема Богородица

По 19. пат ќе се дарува крв за Голема Богородица
Dik 300x250 mk

Црвен крст и Институтот за трансфузиона медицина, на 28 август, традиционално, по 19-ти пат, ја организираат крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.

Крводарителската акција ќе се спроведе во Домот на АРМ, од 9 до 17 часот.

Целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини на крв во летниот период, заради можноста од недостаток на крв и крвни деривати.

Со оглед на ситуацијата со пандемијата на Ковид-19, за време на крводарителската акција ќе се спроведат сите мерки за заштита, односно носење заштитни маски и одржување дистанца. Направен е посебен протокол со кој ќе се запазат мерките. Поради тоа, задолжително секој крводарител мора да има заштитна маска.

Оваа акција веќе 18 години ги покажува резултатите на големата хуманост на граѓаните на град Скопје. Започнувајќи со 146 дарувања во 2003-та година, денеска по 18 реализирани акции се зборува за вкупна бројка од 4041 единици крв, или во просек 225 крводарители по акција.

Можете да прочитате

Следуваат продор на нов ладен воздух од северозапад и нови врнежи од дожд

Хаким Рамадани си прави митинг во Челопек за време на изборен молк (ВИДЕО)

ДИК: Гласањето на болните и немоќните лица помина без неправилности, резултатите ќе се објават утре