Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Почна реализацијата на скринингот во неколку основни училишта во Скопје

Почна реализацијата на скринингот во неколку основни училишта во Скопје
Img 7972

Почна реализацијата на скринингот во неколку основни училишта во Скопје. Досега се добиени пет илјади согласности од родители, соопштија од Министерството за здравство.

„ Скринингот во училиштата е веќе отпочнат. Завршена е првата фаза во однос на добивање и обработка на согласностите од родителите. Голем е интересот за учество во скринингот и досега се добиени околу 5.000 согласности од родители на деца во основните училишта во Скопје.

Врз основа на добиените согласности, направен е план и распоред за реализација на скринингот на терен и тој веќе се врши во неколку основни училишта во Скопје. Скринигот продолжува во понеделник“ наведуваат од министерството.

Во рамки на првата фаза ќе бидат опфатени училиштата на територија на град Скопје, а ќе бидат вклучени медицински екипи од Центарот за јавно здравје и Здравствениот дом Скопје.

Сите активности за спроведување на скринингот се одвиваат во постојана координација со Министерството за образование и наука.

Можете да прочитате

Филипче повика на масовна излезност: Се бориме за вредности, за домот и иднината на Македонија

Во Штип отворeн Дино парк – нова атракција за деца и љубители на праисторијата

Филипче: На изборите се враќа силата на народот, се враќа СДСМ