Утрински Весник
Свет

Порошенко: „Ова е уште еден доказ дека Владимир Путин е целосно луд“

Петро Порошенко, поранешниот претседател на Украина, зборувајќи за „Sky News“ по парадата на Денот на победата во Москва, ја опиша церемонијата како „марш на поразот“.

„Ова е уште еден доказ дека Владимир Путин е целосно луд. Живее во апсолутно паралелен свет во друг универзум“, кажал тој.

Порошенко потоа директно му се обратил на Путин:

„Ова е украинска земја и тоа нема никаква врска со вас и ние ве мразиме. Господине Путин, НАТО е за безбедноста на земјите членки и тие не ви се спротивставуваат, вие сте тој што се обидувате да ги нападнете сите, вклучително и земјите од НАТО“, изјавил Порошенко.

Можете да прочитате

Иран дозволи ограничен премин на бродови низ Ормускиот Теснец

Петмина убиени во напад со дрон врз украинскиот град Никопол

Сè уште се трага по вториот американски пилот