Утрински Весник
Економија

Половина здравје во цело зрно: Кои се придобивките од лебовите од цело зрно?

Половина здравје во цело зрно: Кои се придобивките од лебовите од цело зрно?

Секојдневно слушаме колку е важно да се консумира леб од цело зрно поради здравствените придобивки, важни за правилно функционирање на организмот.

Лебовите од цело зрно се богати со растителни влакна, па затоа тие во организмот се варат побавно, што дава подолготрајно чувство на ситост. Поради големото количество влакна, ваквите лебови го регулираат нивото на шеќер во крвта, го намалуваат количеството на ЛДП или „лош“ холестерол и ги намалуваат триглицеридите – едни од главните причинители за срцеви заболувања. Здравствените придобивки за срцето не застануваат тука – лебовите направени од цело зрно влијаат и на намалување на крвниот притисок, можеби најважниот ризик фактор за срцеви заболувања. Исто така, луѓето кои во своето дневно мени за исхрана го вклучуваат лебот од цело зрно, полесно ја одржуваат и регулираат својата тежина, а ваквиот леб помага да се намали количеството нездрави масти во телото и доведува до нивна поздрава дистрибуција. Една од главните карактеристики на лебовите од цело зрно е и што се извор на минерали што му се неопходни на организмот за да остане здрав и витален. Тука спаѓаат железото, кое пренесува кислород низ телото и ја превенира појавата на анемија, потоа магнезиумот, одговорен за здрава коскена маса, селенот кој штити од оксидација и цинкот, неопходен за да се одржи имунолошкиот систем во борбена форма.

Нашиот најголем производител на леб и брашно во земјава, Жито Лукс, континуирано ги следи трендовите на здравата исхрана и работи на создавање едноставни рецептури што ќе ги задоволат потребите на потрошувачите. Во маркетите ширум државата веќе подолго време е присутна популарната категорија „супер лебови“ со висока нутритивна вредност, направени од супер состојки, познати како super foods. Станува збор за три вида интегрални лебови во чиј состав максимално се искористени бенефитите на чијата, тиквата, спелтата, овесот, хељдата и амарантот со што на пазарот се понуди одличен избор за вистински здрава и балансирана храна. Во нивната основа има исклучиво 100% цели зрна, и дополнително се збогатени со супер семки, зрна, житарки и маслиново масло, а при тоа не содржат палмина маст, додадени шеќери и конзерванси. Затоа, овие лебови претставуваат вистински избор за здрава, природна и балансирана исхрана.

(ПР текст)

Можете да прочитате

Ова се паметни начини за да заштедите при пазарењето

Исплатени се 216.712.603,00 денари на 4.430 млекопроизводители

НОВО ПОСКАПУВАЊЕ НА ГОРИВАТА: Ова се цените