Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Повик до македонските иселеници да достават материјали за да се документира нивното постоење

Повик до македонските иселеници да достават материјали за да се документира нивното постоење
Img 7972

Државниот архив во соработка со Агенцијата за иселеништво, ги повикува сите индивидуалци и претставници на македонски иселенички организации кои поседуваат материјали, списанија, признаници, резолуции, статути и други важни документи што сведочат за постоењето, дејствувањето и заложбите на иселениците во негувањето на културата, традицијата, обичаите и други белези од национално значење, да ги достават до Државниот архив, за нивна трајна заштита и чување.

За таа цел, во Државниот архив е формирана Комисија за селекција на документите и материјалите како и посебни архивски фондови.

„Материјалот може да се доставува во оригинална форма директно до Државниот архив или до Агенцијата за иселеништво, по редовна пошта и дигитална форма. Пред доставување на истиот, двете институции треба да бидат известени за содржината на архивскиот материјал и да е направена првична селекција, класификација и попис. При дигитално доставување на материјалите, потребно е снимките да бидат изработени во tiff формат, и минимум 300 dpi резолуција“, се наведува во соопштението на Државниот архив.

Можете да прочитате

Филипче: На изборите се враќа силата на народот, се враќа СДСМ

Реставрираното и конзервирано издание на „Пчињското изборно евангелие“ од 16 век вратено во библиотеката во Охрид

Филипче: Реформската агенда е единствениот начин да почне да се враќа довербата во судството