Утрински Весник
Свет

Повеќе од 100 цивили биле убиени во регионот Суми

Повеќе од 100 цивили биле убиени во регионот Суми

Повеќе од 100 цивили се убиени во североисточниот регион Суми, тврди регионалниот гувернер Дмитро Живицки.

Според Живицки, многу тела биле откриени со врзани раце, а на некои биле видливи траги од мачење или прострелни рани во главата, пренесува Би-Би-Си.

Тој исто така рече дека руските војници „пукале во сите“, вклучувајќи ги и постарите и децата.

Тој додаде дека многу луѓе од градот исчезнале или се заробени.

Би-Би-Си наведува дека не била во можност самостојно да ги потврди овие тврдења.

Можете да прочитате

Нови израелски напади врз Бејрут

Телефонски разговор Путин-Ердоган за судирите на Блискиот Исток

Една од најголемите фабрики за алуминиум во светот е затворена: „Длабоко сме вознемирени“