Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Побарани парични казни за 53 лица во Скопје поради непочитување на полицискиот час

Истражна постапка и предлог за притвор за 27-годишник осомничен за убиство
300x250 opst2

Скопје, 15 мај 2020 (МИА) – Вкупно 53 лица се опфатени со предлозите за издавање казнени налози што Основното јавно обвинителство Скопје ги поднесе денеска пред Основниот кривичен суд Скопје за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија предвидено во член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Сите обвинети, како што соопшти Јавното обвинителство, не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот.

Надлежните јавни обвинители за секого од обвинетите предложија парична казна од по 2.000 евра во денарска противвредност, односно 100 дневни глоби од по 20 евра, стои во соопштението. рп/​дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

Мицкоски: Има над 80 кривични пријави во фиоките на Обвинителство, а клучот е некаде на Бихаќка

Филипче од Кривогаштани: Економијата е во пад, народот има сè помалку пари, а власта не презема ништо