Утрински Весник
Македонија

Петков контра Радев: Посетата на Северна Македонија не беше избрзана, туку многу задоцнета

Петков контра Радев: Посетата на Северна Македонија не беше избрзана, туку многу задоцнета
Dik 300x250 mk

Посетата на Северна Македонија не беше избрзана, туку ужасно многу задоцнета, рече бугарскиот премиер Кирил Петков реагирајќи на изјавата на претседателот на Бугарија, Румен Радев, кој, пак, оцени дека неговата посета на Скопје била избрзана.

Според Петков, вистината е дека Бугарија изгубила 30 години во тие односи.

„Мојата посета не само што не е избрзана, туку и ужасно задоцнета. Бугарската страна треба да има активна позиција, да има конструктивен тон на дејствие, да има јасни цели и точен пристап“, рече Петков додавајќи дека тој не можел да издржи да одложува ниту ден повеќе.

Претходно, Радев изјави дека Петков премногу се потпирал на надворешна експертиза.

„Мислам дека посетата на премиерот беше избрзана. Важно е бугарската дипломатија целосно да го реализира својот професионален капацитет – да не верува на надворешната експертиза, на невладини организации и да не подлегнува на надворешен притисок“, рече Радев.

Радев го критикуваше и претседателот на Стево Пендаровски поради неговата средба со претставници на ОМО Илинден и други организации од Бугарија. Според Радев, ОМО Илинден се сепаратисти.

Пендаровски минатата недела се сретна со претставници на македонските заедници во Бугарија, коментирајќи дека не гледа ништо спорно во тоа, додека бугарското МНР оцени дека средбата е во спротивност со договорот за пријателство во 2017 година.

Можете да прочитате

Ранѓеловиќ: Излезноста во Кочани манифестира најголема мизерија, наместо тој народ да бојкотира за децата кои ги загубија животите, се одлучија да гласаат за партиите кои го создадоа системот кој ги проголта

Пензионер од Скопје фатил провалник на дело во станот и тој го претепал

Цело Тетово нема вода – намерно пресечена главната водоводна линија