Утрински Весник
Свет

Песков: Украинската страна не е доследна во точките во преговорите

Песков: Украинската страна не е доследна во точките во преговорите

Украинската страна често ја менува својата позиција кога станува збор за прашања кои се веќе договорени во мировните преговори, изјави денеска портпаролот Дмитриј Песков.

„Специјалната воена операција продолжува. Рускиот претседател Владимир Путин неодамна изјави дека се одвива според планот. Во исто време се водат контакти на експертско ниво во рамките на преговарачкиот процес“, изјави Песков за новинарите, пренесува ТАС С.

Портпаролот на Кремљ рече дека украинската страна не е доследна на договорените точки.

Можете да прочитате

Цените на пластиката драстично се зголемија поради затворањето на Ормуз

Трамп со нова закана кон Иран: На ред се мостовите и електраните

Рекордна цена на дизелот во Германија