Утрински Весник
Свет

Песков: Русија е во „совршена бура“, Путин знае каде ја води државата

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ситуацијата во која се наоѓа Русија денес ја опиша како „совршена бура“ и момент на вистината, додавајќи дека претседателот Владимир Путин знае каде ја води земјата.

„Всушност, сега живееме во услови на ‘совршена бура’ и момент на вистината, таа бура и тој момент што треба да ги обезбедaт и заштитат нашите интереси, за да живеете подобро, поудобно, постабилно и посигурно“, рече Песков, а пренесува „Интерфакс“.

Тој посочи дека Москва е убедена оти сè ќе биде во ред, дека ќе победи и ќе ги постигне сите свои цели.

„Нашиот претседател знае каде ја води нашата земја, сите гледаме каков политички консензус и ниво на поддршка има нашиот претседател – тој е поддржан од целата земја“, рече Песков.

Можете да прочитате

Русија тврди дека нејзините сили зазеле уште едно село во источна Украина

 „Брисел ја уништува демократијата во Европа“ – Маск со повик земјите членки да ја напуштат ЕУ

Суд во Флорида ѝ наложи на Тесла да плати 243 милиони долари отштета за фаталната несреќа со автопилот