Утрински Весник
Свет

Песков: Разговорот за безбедносните гаранции ги засега сите

Песков: Разговорот за безбедносните гаранции ги засега сите

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека безбедносните прашања на одделни држави не треба да се игнорираат кога се разговара за теми од општата безбедност.

Така тој го коментираше барањето на украинскиот претседател Владимир Зеленски за безбедносни гаранции за Украина, заедно со оние понудени на земјите-членки на НАТО.

„Овде се важни деталите. Очигледно, разговорот за безбедносните гаранции се однесува на безбедноста на сите. И затоа зборуваме за неделива безбедност. Така, кога станува збор за општата безбедност, се разбира, не можеме да ја игнорираме безбедноста на поединечни земји” тој рече.

Можете да прочитате

Палестински медиуми: Израелски снајперист уби дете во Газа

Силен земјотрес регистриран на Тајван

Трамп го повика Путин да се согласи на договор со Украина