Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Пендаровски домаќин на шаховски натпревар

Пендаровски домаќин на шаховски натпревар
Img 7972

Претседателот Стево Пендаровски беше домаќин на ревијален шаховски натпревар во организација на неговиот кабинет.

На ревијалниот шаховски натпревар, покрај претседателот Пендаровски учествуваа шаховскиот велемајстор Роландо Кутиров, Јована Трајчевска која на осум години стана балкански првак за слепи лица во категоријата јуниори, како и Марко Зафиров, државен првак во шах за млади кој наредната година ќе учествува на Европското првенство во шах за млади во Струга.

Натпреварот претставуваше и можност претседателот Пендаровски да поразговара со Марко и со Јована за нивните досегашни достигнувања во шахот, како и за освоените награди и медали.

Настанот се организираше со цел да се актуелизира шаховската игра, да се продлабочи соработката со шахистите, како и да се овозможи инклузивен пристап којшто е одлика на едно демократско општество.

Можете да прочитате

ЕВН на терен: Непланиран прекин на електрична енергија на превој „Стража“ и повеќе кичевски села

Мицкоски: На овие избори бираме каде да се движи државата – одлуката не е едноставна

Филипче: Да не се проектите на СДСМ, Мицкоски нема ни каде да се слика, има нула инвестиции