Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Пеле пак во болница, но нема причина за загриженост, вели неговиот менаџер

Пеле пак во болница, но нема причина за загриженост, вели неговиот менаџер
Dik 300x250 mk

Бразилската фудбалска легенда Пеле бил во болница шест дена со здравствени проблеми кои засега не се откриени, но 80-годишниот поранешен фудбалер не е сериозно болен сега, вели неговиот менаџер, Џо Фрага за „Ројтерс“.

Оваа изјава доаѓа откако весникот „О Глобо“ објави дека Пеле бил на рутински прегледи во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Пауло кога бил детектиран проблемот.

„Се работи за целосна низа на тестови, скенови, колоноскопија, преглед на крвта. Не се завршуваат за еден ден“, изјави Фрага, демантирајќи ги шпекулациите дека Пеле ја загубил свеста.

Пеле оваа година веќе ги загрижи своите фанови при снимањето на новиот документарец на „Нетфликс“ за неговиот живот и кариера, во кој изгледаше ослабено и болно.

> Пеле пак во болница, но нема причина за загриженост, вели неговиот менаџер <

Можете да прочитате

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути

Арената се полни, Македонија ќе го пречека Казахстан пред полн стадион