Утрински Весник
Македонија

Патниот правец Охрид – Ресен затворен за сообраќај за сите видови возила

Патниот правец Охрид – Ресен затворен за сообраќај за сите видови возила

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, е затворен за сообраќај за сите видови на возила, од 15.11.2021 до 01.04.2022. Од охридска страна, сообраќајот ќе се одвива до месноста Корита.

Сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Од Прилеп во 10, од Охрид во 11, од Ресен во 12 часот – распоред за превозот до Алта банка

Славески потврди дека се консултирал со Мицкоски за влезот на Алта банка, сега се бара купувач

НБРМ: Три олеснувања за клиентите на „АЛТА банка“: повисок лимит, нови шалтери и целосна исплата на новите приливи