Утрински Весник
Македонија

Партијата МААК  прослави 30 години од формирањето

Партијата МААК  прослави 30 години од формирањето

Велес, 13 февруари 2020 (МИА) – Во кафеаната „903“ во Велес, каде што беше формирана во 1990 година, синоќа партијата МААК прослави 30 годишен јубилеј. МААК е првоформираната политичка партија во земјава, а воедно беше обновен  и Општински комитет на МААК за Велес и избрано ново раководство, а за претседател избран Марјан Атанасов.
Претседателот на МААК, Страшо Ангеловски за медиумите најави реорганизација  на постечките Општински комитети на оваа партија во земјава, како и формирање на нови. Тој потсети дека при формирањето на МААК пред 30 години се заветиле дека ќе формираат независна и суверена држава, а што потоа и се реализирало.
Тој најави дека ќе се заложат за промоција и развој на македонските и на православните вредности на Балканскиот полуостров и ќе се заложат за Македонија како јака и просперитетна економска држава, во која младите ќе сакаат да живеат и ќе бидат горди дека и припаѓаат.
Ангеловски потврди дека партијата е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и останува во коалицијата. Инаку, МААК досега сите изминати  години беа вонпарламентарна, а за овие избори најавуваат да станат парламентарна партија.
Прв претседател на МААК беше Гане Тодоровски, а втор Анте Поповски, додека сегашниот и актуелен претседател Страшо Ангеловски е трет.ад/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Приправник во МВР пукал од службен пиштол на полицаец, поднесени кривични за двајцата

Стојанче ја удира Ивана неколку часа пред смртта откриваат снимки од „Сејф Сити“

Со велосипед удрил во паркиран автомобил – малолетник од Франција тешко повреден