Утрински Весник
Спорт

Партизан ја „растури“ Звезда, ќе има „мајсторка“ за АБА титулата

Партизан стигна до доминантна 112:84 победа над својот лут градски ривал Црвена звезда во четвртиот меч од финалето на АБА-лигата, за по многу тензии да примора „мајсторка“ за регионалната титула.

Претходните два меча во салата „Александар Николиќ“ поминаа во атмосфера на работ на инцидент, и сега актуелниот шампион од АБА-лигата, Звезда, пропушта втора меч-топка за одбрана на титулата. Мајсторката ќе се игра во понеделник на домашен терен на „црвено-белите“.

Во фуриозното прво полувреме, тимот на Жељко Обрадовиќ даде 68 поени, што претставува нов рекорд за едно полувреме во меч од плејофот во АБА-лигата, а предноста беше неверојатни 25 поени (68:43). По ова исходот на мечот беше одлучен, но тоа не значеше дека мечот ќе помине без инциденти. Во последната четвртина, Урош Трифуновиќ по една тројка пред клупата на Звезда, го провоцираше тренерот Дејан Радоњиќ и кошаркарите на противничкиот тим, по што дојде до мал инцидент и до исклучување за Трифуновиќ.

> Партизан ја „растури“ Звезда, ќе има „мајсторка“ за АБА титулата <

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026