Утрински Весник
Свет

Папата има проблеми со здравјето?

Посетата на папата Франциско на Либан во јуни е одложена бидејќи тој во последно време напорно оди, изјавиле извори од Ватикан, пренесуваат медиумите во регионот.

Последниве недели, според написите, Папата имал силни болки во десното колено, со долготраен ишијас.

Посетата, закажана за 12-ти и 13-ти јуни, била најавена од либанската влада. Ватикан никогаш официјално не го објави тоа, но папата го спомена во последните интервјуа, пишува во новинарските извештаи.

Два извори, кои сакале да останат анонимни, бидејќи не смееле да зборуваат за такви работи, кажале дека главната причина за одложување на посетата е здравјето на папата.

Планот за средба на Папата со рускиот патријарх Кирил на 14 јуни во Ерусалим е веќе откажан поради војната во Украина.

Посетата на Либан најверојатно ќе следи по летото, изјавил еден од изворите.

Папата треба да ги посети Јужен Судан, ДРК и Канада во јули.

Минатата недела, тој за италијански весник изјавил дека прима инјекции за полесно да се движи.

Можете да прочитате

Русија тврди дека нејзините сили зазеле уште едно село во источна Украина

 „Брисел ја уништува демократијата во Европа“ – Маск со повик земјите членки да ја напуштат ЕУ

Суд во Флорида ѝ наложи на Тесла да плати 243 милиони долари отштета за фаталната несреќа со автопилот