Утрински Весник
Македонија

Отстранети 60 кубни метри отпад од дива депонија во населбата Топаана

Отстранети 60 кубни метри отпад од дива депонија во населбата Топаана

Во текот на вчерашниот ден, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија над 60 кубни метри отпад од обемна дива депонија лоцирана во скопската општина Чаир, во населбата Топаана, на раскрсницата меѓу булеварот Македонско-косовска бригада и улицата Џон Кенеди. При реализацијата на активностите беа ангажирани 10 работници на терен, со употреба на специјални комунални возила – подигнувач, багер и две патарки.

dobivaj vesti na viber

И покрај континуираните активности на ЈП Комунална хигиена-Скопје, во реонот на населбата Топаана речиси секојдневно се создаваат диви депонии како резултат на неправилното одлагање на отпадот на јавни и сообраќајни површини.

Во текот на првата половина на годината, екипите на Претпријатието подигнаа приближно 6000 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на Градот Скопје.

Можете да прочитате

Арсовска: На Меѓународниот ден на младите за првпат се формира Собрание на млади на Град Скопје

(Видео) Стојаноска: Како и со Ковид -19, така и со мајмунските сипаници власта се однесува неодговорно

Мотоциклист почина во сообраќајка во Кочани