Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Отровен чад над Пјонгјанг, проектил експлодирал во воздух по лансирање

Отровен чад над Пјонгјанг, проектил експлодирал во воздух по лансирање
300x250 opst2

Северна Кореја денеска истрела неидентификувана ракета, која експлодира во воздух веднаш по навидум неуспешното лансирање, соопшти јужнокорејската војска.

„Се сомневамe дека проектилот бил истрелан од аеродром надвор од Пјонгјанг“, соопшти јужнокорејското Министерство за одбрана.

Во исто време, неименуван извор од јапонското Министерство за одбрана го окарактеризира овој проектил како потенцијална балистичка ракета, пренесе јапонска телевизија.

Како што јави Би-Би-Си, тестирањето е извршено утринава според локално време, по што се слушнал звук како оној на големите авиони, а потоа и силна бучава по падот на проектилот.

На небото се појави црвен чад. Експертите тврдат дека чадот е карактеристичен за неуспешните ракетни тестови и дека е многу отровен за луѓето.

Од почетокот на годината, Пјонгјанг изврши вкупно девет ракетни тестови, вклучително и нова интерконтинентална балистичка ракета. Минималниот дострел на оваа ракета е 5.500 километри, што значи дека може да погоди цели во САД. Овие проектили се дизајнирани да носат нуклеарни боеви глави.

ОН и забранија на Северна Кореја да тестира балистички ракети и нуклеарно оружје, поради што и се воведени санкции. Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, кој воведе мораториум за тестирање на ракети со долг дострел по договорот со тогашниот американски претседател Доналд Трамп, во 2020 година изјави дека нема намера да го одржи тоа ветување.

Можете да прочитате

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас

Демонстранти упаднаа во дворот на претседателската палата во Тбилиси на денот на локалните избори