Утрински Весник
Спорт

Осум премиерлигаши се спротивставија Сити да игра во ЛШ додека трае жалбата за случајот со ФФП

Сити го освои трофејот од „Комјунити шилд“ по изведување на пенали

Лондон, 25 март 2020 (МИА) – Голем број на водечки клубови во англиската Премиер лига се спротивставија Манчестер сити да учествува во Лигата на шампионите, додека граѓаните се жалат  до Судот на спортска арбитража (КАС) во случајот со повреда на финансискиот фер-плеј (ФФП), пренесе „Дејли мејл“.

Во февруари оваа година, УЕФА го исклучи Манчестер сити од европското натпреварување на две години поради сериозни прекршувања на ФФП од 2012 и 2016 година.

Според изворот, меѓу осумте клубови кои негодувале во КАС се и Ливерпул, Манчестер јунајтед, Челзи и Арсенал. Клубовите барале казната веднаш да стапи на сила и се спротивставуваат на одлуката Манчестер сити да продолжи да игра во ЛШ додека трае жалбената постапка за случајот ФФП. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Евролига со високи казни за белградските екипи

Русија се враќа на светските првенства во хокеј на мраз

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар