Утрински Весник
Спорт

Организаторот на АО, а не Ѓоковиќ ќе ги плати трошоците од судењето?

Организаторот на АО, а не Ѓоковиќ ќе ги плати трошоците од судењето?
Dik 300x250 mk

Организаторите на Австралија опен ќе му ги платат судските трошоци на Новак Ѓокович, тврди „Дејли Мејл Австралија“. Ѓоковиќ, во неделата, го загуби спорото со Владата на Австралија, по што беше депортиран од земјата.

Судот на Ѓоковиќ му ја укина визата, му изрече тригодишна забрана за влез во Австралија и му наложи да ги плати судските трошоци. Медиумите во земјата тврдат дека Австралија опен ќе ги плати трошоците.

„Луѓето не ја знаат најважната работа. АО ќе ги плати трошоците за судењето, а не Новак Ѓоковиќ. Државата им дава пари на организаторите на АО да го организираат турнирот. Тоа значи дека трошоците ќе ги платат даночните обврзници на Австралија“, тврди „Дејли Мејл Австралија“, повикувајќи се на неименуван извор.

> Организаторот на АО, а не Ѓоковиќ ќе ги плати трошоците од судењето? <

Можете да прочитате

Синер доби рекет од три килограми направен од чисто злато по освојувањето на „Сикс Кингс Слем“

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето