Утрински Весник
Свет

Орбан: Унгарија не може да се приклучи на забраната за увоз на нафта и гас од Русија

Орбан: Унгарија не може да се приклучи на забраната за увоз на нафта и гас од Русија

На Унгарија се’ уште и’ се потребни рускиот гас и нафта и земјата нема да се приклучи кон САД, кои воведоа санкции за увозот на тие производи, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

 

Тој посочи дека санкциите воведени кон Русија веќе создаваат сериозни последиците кои би можеле да станат страшни доколку се прошират и на увозот на руска нафта и гас.

Унгарија би била особено погодена, бидејќи 85 отсто од гасот во земјата и 64 отсто од нејзината нафта се увезуваат од Русија, а околу 85 отсто од унгарските домаќинства користат гас како примарен извор на енергија, предупреди Орбан.

Можете да прочитате

Нови израелски напади врз Бејрут

Телефонски разговор Путин-Ердоган за судирите на Блискиот Исток

Една од најголемите фабрики за алуминиум во светот е затворена: „Длабоко сме вознемирени“