Утрински Весник
Македонија

Општините од истокот и севроисток контејнерите и камионите за новата современа депонија ќе ги добијат во јуни

Пет добитници на признанието „8 Ноември“ на Општина Штип
Ss2

Штип, 26 февруари 2020 (МИА) – Евроамбасадорот Самуел Жбогар, министрите за животна средина и финансии, Насер Нуредини и Нина Ангеловска денеска имаа заедничка средба со 18 градоначалници од Источно планскиот и Североисточниот плански регион, на којашто централна тема им беше изградбата на современиот систем за управување со отпад кој ќе биде лоциран кај светниколското село Мечкуевци.

Жбогар истакна дека Европската Унија во овој момент по ова прашање се има фокусирано за овие два региони, а за останатите шест региони има подготвена техничка документација, со финансиска поддршка од фондовите на ЕУ.

300x250 (7)

– Во овој момент доделени се финансиски средства за овие два региони, источниот и севроисточниот регион. Со нетрпение очекуваме реализација и финализација на овој проект. Во иднина во рамките на ИПА 3 програмата, а во рамките на којашто програма ќе се фокусираме на животната средина, јас не ја исклучувам и можноста и другите региони да се вколпат во овој проект, рече Жбогар. 

Министерот за животна средина, Нуредини истакна дека до крајот на јуни 18 општини од источниот и североисточниот регион ќе ги добијат контејнерите за смет. Тендерската постапка е завршена за оваа набавка, а ја има добиено конзорциум од Бугарија и Турција.

– Јас се надевам дека кон средината на оваа година контејнерите, а и камионите  ќе може да ги имаме. Што се однесува за сегашните диви депонии можам да кажам дека некои од тие депонии ќе ги затвориме. Меѓутоа некои од другите депонии ќе функционираат и понатаму се додека не започнеме со изградбата на регионалната депонија за управување со смет, којашто ќе биде сместена тука во Свети Николе, а исто така ќе се градат и станици за трансфер на отпадот. Што се однесува за процесот на тендирирање ќе биде отворен и затворен оваа година, а додека реализацијата на овој проект ќе почне наредната година, вели Нуредени.

Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски најави дека јавното претпријатие кое ќе управува со депонијата ќе се формира,а овој месец очекува и да се направи негова регистрација.

– Седиштето на јавното претпријатие секако ќе биде во Свети Николе и се надеваме дека со тоа ќе почне и дефинитивно да профункционира целиот систем околу фабриката за комунален отпад на ниво на источен и североисточен регион, вели Велковски.

Тој истакна дека е прифатена забелешката на Општина Свети Николе камионите со отпад од останатите општини да не поминуваат низ градот и наскоро треба да почне изградбата на нов пат, кој ќе се вклучува од автопатот Штип-Миладиновци.

Со новата траса нема да се загадуваат и обработливите земјоделски површини. Оваа регионална депонија или современ систем за управување со отпад ќе биде изградена според европските стандарди, а проектот е почнат пред повеќе од 12 години на иницијатива на градоначалниците на источниот регион, коишто целокупната техничка документација, студиите за оценка на животна средина и проектот ги имаат изработено со помош на средства од фондовите на ЕУ. Набавката на опремата, какошто се камиони и контејнери за 18 општини исто така се набавуваат со средства од ЕУ.вдј/см/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Таткото на Вања оди во куќен притвор

Сообраќајка кај Градско-четири лица се повредени меѓу кој и двегодишно дете

Мицкоски: Со дигитална трансформација ВМРО-ДПМНЕ ќе направи комуникација помеѓу институциите во Македонија