Утрински Весник
Македонија

Општина Струмица формираше Координативно тело за планирање на одржлива мобилност

Општина Струмица формираше Координативно тело за планирање на одржлива мобилност

Струмица, 11 февруари 2020 (МИА) – За подигнување на нивото на планирање во областа на урбанизмот и сообраќајот од една страна, а од друга да им помогнат на граѓаните да се издигнат на ниво на повисок ранг, според мерките за одржлива економија и напредна технологија, пристапност, функционална полицентричност и развиен урбан идентитет, локалната самоуправа формираше Координативно тело за имплементација на проектот „Планирање на одржлива мобилност во општина Струмица“.

-Ваквото планирање е наметнато поради големата урбанизација, која како процес уште во првата деценија од 21 век го помина прагот од 50 проценти население кое живее во градовите и има тренд на понатамошен раст, па се верува дека до 2050 година во градовите ќе живее 70 проценти од населението, иформираат од општината.

Се додава дека општините во државата се погодени од депопулација и демографско стареење, регионални диспаритети, проблеми со урбаната култура, проблеми со културата на безбедноста во сообраќајот, проблеми во врска со заштитата на животната средина, вклучително и климатските промени. Исто така, на национално ниво е препознаена проблематиката на бесправна изградба и слаба техничка и социјална инфраструктура.

Инаку, во Координативно тело за имплементација на проектот, формирано по иницијатива на ЗЕЛС и ГИЗ, се вклучени јавни чинители на сите нивоа на локалната власт, како и претставници од приватниот и невладиниот сектор.рт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: СДС се виновни што Груби неказнето крадеше, сите знаеја дека краде, а никој не смееше да го санкционира

(Видео) Нова епизода на подкаст Зрак со д-р Марина утре во 21.00 часот

За првпат после долго време – Воздухот во Скопје е чист