Утрински Весник
Свет

Од петок Холандија ги укинува мерките за ковид

Од петок Холандија ги укинува мерките за ковид

Од петок, 18 февруари, холандската влада ќе ги укине повеќето епидемиолошки мерки против Ковид-19.

Надлежните се решија на овој чекор бидејќи рекордните нивоа на инфекции предизвикани од варијантата омикрон не беа проследени со поголем број хоспитализации, изјави министерот за здравство Ернст Куиперс.

„ Државата повторно се отвора, за среќа, сега сме во друга фаза“, рече Куиперс.

Од петок, баровите и рестораните ќе смеат да работат до 1 часот по полноќ, наместо до 22 часот.

Куиперс, кој рече дека е оптимист за ситуацијата, сепак, повика на претпазливост и потврди дека нормалното работно време ќе продолжи од 25 февруари.

Како што е најавено, мерките за физичко дистанцирање ќе бидат укинати на јавни места до крајот на месецот, но посетителите ќе треба да покажат докази за вакцинација, неодамнешно прележување на болеста или негативен тест за коронавирус.

Можете да прочитате

Трамп го повика Путин да се согласи на договор со Украина

Десет загинати и 32 повредени во пожар во хотел во ски центар во Турција

Трамп потпиша голем број извршни наредби