Утрински Весник
Свет

(Од минута во минута) Погодена е 12-катна станбена зграда во Киев, експлозии во Одеса и Запорожје, НАТО подготвува нов план

(Од минута во минута) Погодена е 12-катна станбена зграда во Киев, експлозии во Одеса и Запорожје, НАТО подготвува нов план

Денес е 21-виот ден од руската инвазија на Украина

Клучни информации:

НАТО подготвува нов план. Задачата за изработка на нов план за заштита од Русија денеска ќе им биде доделена на воените команданти, а плановите треба да вклучат повеќе војници и ракетна одбрана во Источна Европа.

Градоначалникот Виталиј Кличко објави 35-часовен полициски час во главниот град, предупредувајќи дека ситуацијата е тешка и опасна.

Премиерите на Чешка, Полска и Словенија се сретнаа со украинскиот претседател Зеленски во Киев. „Не сте сами“, им рекол Јанез Јанша на Украинците.

Преговорите ќе продолжат. Украинскиот претседател Зеленски рече дека разговорите стануваат пореални, а Путин рече дека ќе се држи до претходните позиции.

ЕУ воведува дополнителни санкции кон Русија, а Британија воведе санкции за уште 350 лица.

Од минута во минута:

09:26 Зеленски составува закон против Русија: Ги поканува сите пријатели да го посетат Киев

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, синоќа потпиша закон со кој се забранува негирање или оправдување на руската агресија врз Украина.

„Володимир Зеленски потпиша закон со кој се забранува производство и дистрибуција на информативни производи насочени кон промовирање на акциите на државата агресор“, се вели во соопштението на Комитетот за хуманитарна и информативна политика на Украина.

09:23 Украинска новинарка на „Фокс њуз“ загина во Киев

Загина украинската новинарка Олександра Кувшинова во истиот инцидент во кој животот го загуби и камерманот на телевизијата „Фокс њуз“, Пјер Закржевски, објави синоќа американската телевизиска мрежа.

Олександра „Саша“ Кувшинова (24), која работела како независен консултант за „Фокс њуз“, била убиена заедно со снимателот Закржевски, откако нивното возило било погодено во вкрстен оган, објави американската ТВ мрежа на својата веб-страница, пренесува „Ројтерс“.

09:16 Џонсон: Нема шанси Украина наскоро да се приклучи на НАТО

Британскиот премиер Борис Џонсон ја коментираше изјавата на Зеленски и прашањето за влезот на Украина во НАТО.

„ Вчера повторно разговарав со Володимир и секако разбирам што кажа за НАТО и реалноста на сегашната позиција. Сите отсекогаш велеле, а ние јасно му ставивме до знаење на Путин, дека нема шанси Украина наскоро да влезе во НАТО“, додаде тој.

09:15 Си-Ен-Ен: Нордиските земји се прашуваат дали се следните на листата на Путин

Руската инвазија на Украина ја обедини Европа повеќе од кој било друг настан од крајот на Втората светска војна.

Неутралните држави испратија оружје во Украина, членките на НАТО поодговорно пристапија кон своите обврски кон алијансата, а земјите со силни економски врски со Русија и воведоа строги санкции.

Поради единството на Западот во однос на воените и политичките акции и санкциите, многумина станаа пооптимисти за одржување на безбедноста во Европа. Ова особено се однесува на трите нордиски нации – Норвешка, Шведска и Финска – кои се најдоа во центарот на вниманието поради руската инвазија поради нивната единствена врска и односи со остатокот од Европа и Русија.

09:12 Г7 ќе одржат онлајн состанок за Украина

Групата од седум најразвиени земји во светот, Г7, денеска ќе одржи онлајн состанок во врска со руските акции во Украина, најави јапонскиот министер за финансии Суничи Сузуки, пренесува „Ројтерс“.

Сузуки не прецизира дали на состанокот ќе учествуваат финансиските лидери на земјите од Г7 или други претставници.

09:02 Бајден најавува уште 800 милиони долари помош за Украина

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе објави дека САД ќе испратат нови 800 милиони долари нова воена помош за Украина, изјави претставник на Белата куќа.

Се очекува Бајден детално да го претстави планот за време на неговиот говор за ситуацијата во Украина, пренесува агенцијата АП.

09:01 Премиерот на Украина: Ќе бидат потребни 565 милијарди долари за обнова на земјата разурната од војната

Според прелиминарните проценки, ќе бидат потребни 565 милијарди долари за обнова на Украина по војната со Русија, изјави украинскиот премиер Денис Шмихал.

Тој го изјави ова по средбата со полските премиери Матеуш Моравјецки, Петер Фиал од Чешка и Јанез Јанша од Словенија и вицепремиерот на Полска Јарослав Качински, пренесува Укринформ.

„Прелиминарните проценки велат дека директните еднократни загуби за Украина во моментов се проценуваат на 565 милијарди долари. Всушност, тоа се средствата што ќе бидат потребни за обнова на нашата држава“, рече Шмихал.

08:55 Американскиот Сенат: Путин е воен злосторник

Американскиот Сенат едногласно усвои резолуција со која се осудува рускиот претседател Владимир Путин како воен злосторник и се осудува руската акција во Украина.

Текстот на резолуцијата ги осудува „Руската Федерација, рускиот претседател Владимир Путин, членовите на руската делегација во Советот за безбедност, руските вооружени сили и руските воени команданти за флагрантни акти на агресија и други злосторства кои достигнуваат злосторства против човештвото и воени злосторства против народот на Украина и другите“, пренесува Тасс.

08:46 Небензја: Воената операција ќе заврши кога ќе ги исполниме целите

Руската специјална воена операција во Украина ќе биде завршена кога ќе се постигнат нејзините цели, изјави за новинарите постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја.

„ Кога ќе се постигнат целите на специјалните воени операции, тие ќе престанат“, нагласи Небензја, пренесува Тасс.

08:45 Во гранатирање на зграда во Киев повредени најмалку две лица

Станбена зграда од 12 ката во близина на центарот на Киев беше погодена од руско гранатирање рано во средата, предизвикувајќи пожари на неколку ката, се наведува во соопштението на Украинската државна служба за вонредни состојби, пренесува Си-Ен-Ен.

Зградата во областа Шевченко се наоѓа на само неколку километри од центарот на главниот град на Украина.

08:10 Нови напади врз Украина, експлозии во Одеса и Запорожје

Рано утринава, на социјалните мрежи имаше непотврдени информации за експлозии во јужните градови Одеса и Запорожје.

Оливер Керол, дописник на „Економист“, напиша дека слушнал гласни звуци во Одеса, кои би можеле да бидат системи за противвоздушна одбрана што соборуваат проектили.

Можете да прочитате

Русија тврди дека нејзините сили зазеле уште едно село во источна Украина

 „Брисел ја уништува демократијата во Европа“ – Маск со повик земјите членки да ја напуштат ЕУ

Суд во Флорида ѝ наложи на Тесла да плати 243 милиони долари отштета за фаталната несреќа со автопилот