Утрински Весник
Економија

Одобрена согласност за грант за пругата од Крива Паланка до границата со Бугарија

Одобрена согласност за грант за пругата од Крива Паланка до границата со Бугарија

На денешната 47-ма седница на Владата е разгледана Информацијата за доделување на грант преку 25-ти повик за техничка помош и за 6-от повик за инвестициски грант за изградба на делницата Крива Паланка – граница со Република Бугарија како дел од коридорот VIII, со укажување со ЈП за железничка инфраструктура ,,Железници на Република Северна Македонија“- Скопје, да ја достави апликацијата за овој грант до Инвестицискиот фонд за Западен Балкан (WBIF).

„ Со овој грант значително ќе се забрза процесот на довршување на железничката пруга помеѓу Северна Македонија и Бугарија, како дел од обврските на нашата земја во развојот на Паневропскиот коридор 8, а со добивање на инвестицискиот грант ќе се дополни финансиската конструкција за изградба на делницата Крива Паланка – граница со Бугарија, со што ќе се намали задолженоста на Република Северна Македонија“ соопшти владината прес-служба.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ССКМ демантира дека Претседателот Ангеловски демантира дека е разрешен, обвинува за фалсификат

Николоски: Понудите од врвни светски финансиски институции и банки го потврдуваат кредибилитетот на проектот “брза пруга”

„Кој купува стан во Скопје?! Без вода, без воздух, со бетониран пекол на секој агол!“