Утрински Весник
Свет

Одложен самитот на ЕУ – претседателот на Европскиот совет ставен во карантин

Одложен самитот на ЕУ – претседателот на Европскиот совет ставен во карантин

Состанокот на ЕУ, кој требаше да се одржи на 24 и 25 септември е одложен за 1-ви и 2-ри октомври, објавено е од Брисел.

Оттаму наведуваат дека припадник на обезбедувањето на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, е позитивен на коронавирус.

„ Бидејќи службеникот од обезбедувањето бил во постојан контакт со претседателот, Шарл Мишел е во карантин“ објави портпаролот на Мишел, Баренд Лејтс на Твитер.

Лејтс додал дека Шарл Мишел редовно се тестира и дека вчерашното тестирање покажало дека е негативен на Ковид-19.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ако сакаат да одат надвор од државата Германците од 17 до 45 години мора да се пријават во армијата

Војната во Иран предизвикува рекордни цени на авионски билети

Иран дозволи ограничен премин на бродови низ Ормускиот Теснец