Утрински Весник
Спорт

Одигран најдолгиот тај-брејк во историјата на тенисот

Одигран најдолгиот тај-брејк во историјата на тенисот

Американските тенисери Рајли Опелка и Џон Изнер, на АТП турнирот во Далас, го одиграа најдолгиот тај-брејк во историјата на тенисот.

Во 13.игра во вториот сет, тенисерите одиграа вкупно 46 поени, тај-брејкот го доби Опелка со 24:22.

Опелка избори финале на турнирот во Далас. За титулата ќе игра против сонародникот, Џенсон Бруксби.

Вкупно во мечот имаше 60 ас сервиси и тука Опелка беше подобра 39:21.

> Одигран најдолгиот тај-брејк во историјата на тенисот <

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026