Утрински Весник
Македонија

Објавена постапка за изградба на улица во село Мачево

Објавена постапка за изградба на улица во село Мачево

Берово, 11 февруари 2020 (МИА) – Во Берово објавена е постапка за доделување договор за јавна набавка за избор на изведувач за изградба на улицата бр.„3“ во беровското село Мачево. Јавната набавка како што информираа од општината, ќе се спроведе преку Електронскиот систем за јавни набавки, а критериум за избор е најповолна понуда.

-Општина Берово постојано се грижи за подобрување на условите за живот, како во градот, така и во населените места. Покрај реконструкцијата на неколку приоритетни улици во Берово, во Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици во Општина Берово за 2020 година, предвидени се и улици во селските населби. Во таа насока по завршување на постапката предвидена е и изградба на улица „3” во село Мачево, информираа од општината.

Целокупната тендерска документација, економските оператори, како што додадоа, можат да ја преземат на Електронскиот систем за јавни набавки, или на веб-страната на Општина Берово, во делот за јавни набавки.

Доклолку работите се реализираат според планот, од општината очекуваат градежните работи за изградба на улицата бр.„3“ да започнат кон средината на идниот месец. вс/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на СВР Тетово       

Николоски: До 2026 година ќе имаме нови модерни гранични премини на Деве Баир и Ќафасан

Министерството за здравство излезе со детали за починатото бебе