Утрински Весник
Македонија

Обид за убиство на затвореник во „Идризово“, во тешка состојба е однесен во болница

Обид за убиство на затвореник во „Идризово“, во тешка состојба е однесен во болница

Неколку минути по полноќ, обид за убиство на затвореник имало во затворот „Идризово“. Со две рани и во тешка состојба, 36-годишниот американски државјанин од Струга завршил бил пренесен во болница.

dobivaj vesti na viber

Тој е задржан на КАРИЛ, во тешка здравствена состојба. До инцидентот дошло откако претходно, затвореникот добивал закани во одделение каде бил сместен и истите според неофицијални информации, ги пријавувал до заповедникот и директорот Шпенд Тахири. Случајот е пријавен и во полиција, од каде вчера екипи правеле увид.

„Во едно од одделенијата во установата со остар предмет бил повреден осуденикот С.М.(36) од Струга“, велат од МВР.

Затвореникот кој сега е во болница, неофицијално, барал преместување од одделението каде бил, во друго одделение. За ова ја известувал Управата, а со тоа требало да биде известен и директорот Шпенд Тахири. Сепак, тие одлучиле да остане таму каде е веќе сместен.

Обидот за убиство со остар предмет доаѓа само еден месец откако во „Идризово“ имаше претреси и беа одземани недозволени предмети. По ова, беше разрешен тогашниот директор Реџеп Реџепи. Но и покрај претресите, ножеви и други недозволени предмети се уште има кај затворениците, покажува и овој случај.

Засега нема реакција од Управата за извршување санкции, дали ќе побара одговорност и од новиот директор на затворот поради овој случај.

Можете да прочитате

Алијанса за Албанците: Злоупотребата и партизацијата на институциите од страна на ДУИ ги преминува сите граници

Трипуновски: Неотповикливи оставки од Бабовски и Николовски поради катастрофалната ситуација со ширењето на свинската чума

Арсовска: На Меѓународниот ден на младите за првпат се формира Собрание на млади на Град Скопје