Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Обвинител акт за неовластено држење на оружје против едно лице од Арачиново

Обвинител акт за неовластено држење на оружје против едно лице од Арачиново
300x250 opst2

Скопје, 19 мај 2020 (МИА) – Скопското обвинителство поднесе обвинителен акт против едно лице од село Арачиново, заради неовластено држење на оружје, информираат од ОЈО Скопје.

-На 14 мај, обвинетиот 21-годишник, во својот дом во Арачиново, неовластено држел оружје и муниција – еден пиштол марка GLOK 19 со калибар 9 мм Para, со 3 рамки со 63 куршуми, како и една автоматска пушка Mpi-KM со калибар 7,62Х39 мм со една рамка со 29 куршуми од тој калибар. Лицето го поседувало пиштолот без дозвола, додека автоматската пушка е оружје кое со закон им е забрането на граѓаните, соопштија од обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетиот, со оглед на тоа што сѐ уште постои опасност од бегство, имајќи ја предвид висината на запретената казна за делото кое му се става на товар, како и другите околности во предметот. Исто така, оваа барање е образложено дека постои опасност тој да го повтори кривичното дело, па од тие причини јавниот обвинител оцени дека не постојат основи за поблага мерка за да се обезбеди присуството на обвинетиот и непреченото водење на кривичната постапка.​ оџ/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

Филипче од Виница: Македонија е претпоследна во Европа по минималната плата

Мицкоски: Едно од главните ветувања минатата кампања беше ДУИ во опозиција и ако продолжат вака нереформирани уште долго ќе останат таму