Утрински Весник
Економија
Img 7972

Нов јавен повик за доставување понуди за давање под закуп на државно земјоделско земјиште до 3 хектари за долгогодишни насади

Нов јавен повик за доставување понуди за давање под закуп на државно земјоделско земјиште до 3 хектари за долгогодишни насади
300x250 opst2

Владата на денешната седница донесе одлука за објавување јавен повик за доставување  понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари во девет региони. Со овој јавен повик им се овозможува на земјоделците што имаат земјиште со долгодишни насади, а за кoe немаат склучено договор за закуп, да достават понуди до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со податоците за земјиштето.

На овој начин, со склучување на договорите со МЗШВ, се решава правниот статус на земјиштето со што земјоделците ќе имаат право да конкурираат за мерките од Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Јавниот повик е наменет за Кавадарци, Росоман, Неготино, Ресен, Струга, Струмица, Тетово, Валандово и Гевгелија.

Намената и времетраењето на закупот за кое се издава земјоделското земјиште во државна сопственост е за:

– одгледување на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) за период до 30 години,

– одгледување на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години,

– одгледување на маслинарници за период до 50 години

Јавниот повик ќе биде објавен до крајот на неделата.

Можете да прочитате

Божиновска учествува на состанокот на министри за економија од Берлинскиот процес

ВИНОТО ДОНЕСЕ ДОБИВКА ОД 7,1 МИЛИОН ЕВРА: Една винарница е на врвот, а другите се далеку зад неа

М-Р МИХАЈЛО БОРОЗАНОВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ”: ПРОДУКТИВНОСТ, ДОБРА ИНФРАСТРУКТУРА И ИНВЕСТИЦИИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО – КЛУЧ ЗА ПРОСПЕРИТЕТ НА ДРЖАВАТА