Утрински Весник
Македонија

Новинарите реагираат на нефер третман при промоцијата на авионската линија, министерството се извинува

Новинарите реагираат на нефер третман при промоцијата на авионската линија, министерството се извинува

Додека се одвиваше промоцијата на авионската линија Скопје – Софија претставници на домашните медиуми беа дистанцирани на стотици метри од настанот без можност да земат изјава, ниту пак, да документираат кадри од случувањата, обвинуваат од новинарските здруженија ЗНМ и ССНМ.

„Во исто време сниматели кои се вработени во рамки на владините институции како и новинари од Бугарија имале пристап до самиот авион по слетувањето, како и до претставници од делегацијата“, се наведува во соопштението.

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) сметаат дека е неприфатлив ваквиот третман на медиумските екипи кои биле уредно поканети и акредитирани за проследување на настанот.

„Потребно е да се сфати дека тие се таму на задача со цел да известуваат во име на јавноста и дека организаторите на настанот треба да обезбедат соодветни услови за работа“, се нагласува во реакцијата.

Во неа се потсетуваме дека ова не е прв ваков случај на скопскиот аеродром, каде пред извесно време на настан поврзан со пристигнувањето на бегалци од Авганистан владини службеници снимале видеа и ги емитувале на социјалните мрежи, додека новинарските екипи биле дистанцирани и попречени да ја работат својата работа.

Од Министерството за транспорт и врски, пак, упатуваме искрено извинување и велат дека станува збор за ненамерем пропуст со кој било ограничено движењето на присутните медиуми.

„Министерство за транспорт и врски, како организатор на настанот во соработка со ТАВ Македонија, обебеди пристап на платформата според меѓународни безбедносни протоколи со ограничено движење“, се наведува во извинувањето на ресорното министерство од каде посочуваат дека разбирлива е реакцијата на медиумските работници во однос на овој пропуст.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Кузеска се фабрика за лажни вести

Кривичен суд за случајот со Фросина: Јавноста да не подлегнува на провокации и шпекулации, како и стигматизирање и линч на еден судија

УХМР: Минусните температури се враќаат повторно