Утрински Весник
Свет
Img 7972

Никој не е безбеден од новата болест – Украинец по третпат заболел од коронавирус

Никој не е безбеден од новата болест – Украинец по третпат заболел од коронавирус
300x250 opst2

Жител на Тернопољската област во Украина по третпат заболел од коронавирус, соопшти началникот на Одделението за здравство на локалната администрација.

„ Постои заболен, кој веќе третпат заболува од коронавирус. Мораме да сфатиме дека дури и оние кои го прележале вирусот не се безбедни и не значи дека нема пак да бидат заболени“ рекол тој.

Во Украина досега, според податоците на Министерството за здравство, регистрирани се 67.597 случаи на инфекција на вирусот, а од последиците починале 1.650 луѓе.

Оздравеле 37.394 луѓе.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најмалку четворица загинати и 12 повредени во пукање за време на прослава во Мисисипи

Трамп се закани со царини од 100% за увоз од Кина

19 лица загинаа во експлозија на фабрика во САД