Утрински Весник
Македонија

Николовски: Постои реална можност да се направи ново парламентарно мнозинство

Николовски: Постои реална можност да се направи ново парламентарно мнозинство

Скопје, 13 февруари 2020 (МИА) – Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски  вечерва на својот фејсбук профил напиша дека постои реална можност да се направи ново парламентарно мнозинство, а потоа и нова стабилна влада која ќе организира редовни парламентарни избори.

– Доколку во Собранието се продолжи со тактизирање и ако на кој било начин се оневозможи гласање на важните закони, а особено Законот за јавно обвинителство, Изборниот законик, Законот за одбрана, разрешувањето на Мизрахи…, во тој случај постои реална можност ние да направиме ново парламентарно мнозинство, а потоа и нова стабилна влада која ќе организира редовни парламентарни избори, пишува Николковски.

Северна Македонија, како што се наведува, нема да биде заложник на партиски и криминални интереси, правната држава и европската иднина се приоритет на граѓаните и за тоа ќе се бориме до последниот атом. мд/бк/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Од понеделник времен режим на сообраќај на патот Градско – Дреново поради изградба на клучката Дреново

Честитка на министерот Минчев по повод Денот на Републиката

Мицкоски: Илинден нè обединува околу идејата за држава што ги надминува поделбите