Нејмар одговори фуриозно на обвинувањата дека неговиот договор со американската компанија „Најк“ бил прекинат предвреме откако тој одбил да соработува во истрагата по тврдењето на една нивна вработена дека се обидел да ја примора на орален секс.
Асот на Пари Сен-Жермен тврди дека немал никаков контакт со таа вработена во наводниот инцидент во хотел во Њујорк во 2016 година, случка која според последните информации била предмет на долга истрага, и ги обвини Најк дека не му дале шанса да се брани, обвинувајќи ги за „предавство“.
„Можам да сфатам кога некој го критикува моето однесување, начинот на кој играм и го живеам мојот живот. Не сфаќам како сериозна компанија може вака да ја изобличува бизнис-врската која е основана на документи. Напишаните зборови не можат да бидат избришани, тие се многу јасни. Кога имав 13 години и го потпишав првиот договор, секогаш ем предупредуваа – не зборувај за договорите, тие се доверливи. Да се поништи ова правило и да се тврди дека договорот ми бил поништен бидејќи не соработував со истрагата е лага. Приказната во ‘Вол Стрит Журнал’ е јасна. Во 2016 тие знаеле за тоа, јас не знаев. Во 2017 пак патував во САД за нова рекламна кампања, со истите луѓе и никој не ми кажа ништо. Во 2017, 2018 и 2019 бев во САД и на многубројни фотосесии и пак ништо. Сериозна работа и не направија ништо? Кој е одговорен? Не ми дадоа шанса да се бранам, да знам која е таа личност која наводно сум ја нападнал. Не ја познавам, никогаш не сум имал никакви врски со таа лиќност“, објави Нејмар на социјалните мрежи.
Кога му беше предвремено раскинат договорот од 105 милиони долари лани, од „Најк“ не објавија ништо за никакви обвинувања.
Neymar’s response to the allegations of him being dropped by Nike due to sexual harassment.
Let’s hope whether he is innocent or guilty, that justice can be found. pic.twitter.com/d4RHmaRuh1
— ?????? ???????? ?? (@BrasilEdition) May 28, 2021
Компанијата „Најки“ откри зошто го раскинале договорот со Нејмар
> Нејмар во фуриозен напад по обвинувањата: Најк ме предаде <