Утрински Весник
Свет

Нехамер: Путин е подготвен да овозможи извоз преку украинските пристаништа

„Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да овозможи извоз од Украина преку поморските пристаништа“, изјави попладнево австрискиот канцелар Карл Нехамер.

По телефонскиот разговор со Путин на прес-конференција во Виена, Нехамер рече дека прво мора да се воспостават безбедносни услови во украинските пристаништа.

Австрискиот канцелар нагласува дека останува да се види дали тоа се само празни зборови или искрена подготвеност, што ќе се види само доколку навистина се овозможи извоз преку пристаништата, пренесе Танјуг.

Можете да прочитате

НАСА го лансираше „Артемис II“, првиот лет со екипаж до Месечината по повеќе од 50 години

Иран: Војната ќе трае сè додека непријателот не биде целосно поразен

Трамп: Ќе го вратиме Иран во камено доба