Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

На повидок нова ТВ-серија со Покемон

На повидок нова ТВ-серија со Покемон
Dik 300x250 mk

Се чини дека овој пат ќе го нема Рајан Рејнолдс Пикачу.

Според „Вараети“, стриминг-гигантот „Нетфликс“ работи на нова ТВ-серија за Покемон, слична на филмот „Покемон: Детективот Пикачу“ (2019) во кој глуми Рајан Рејнолдс. Стримерот, наводно, веќе има автор/извршен продуцент: Џо Хендерсон.

Хендерсон во моментов е еден од управниците на хит-серијата „Луцифер“.

„Вараети“ наведува дека проектот е сè уште во неговите први денови, па затоа е малку веројатно дека ќе има официјално соопштение во скоро време.

Серија Покемон е интересен предлог, особено по успехот на „Детективот Пикачу“, кој заработи 433 милиони долари со буџет од 150 милиони долари. Продолжението на филмот беше во развој веќе некое време, но изгледа дека проектот засега е во фиока.

Можете да прочитате

Зошто нема Нобелова награда за математика?

Ќе ја исполнам последната желба на Панчо

Внуката на Панчо му посвети емотивна порака и ги расплака сите (ФОТО)