Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

На патниците од ЕУ од 2021 година повторно ќе им треба пасош за влез во Велика Британија

Казна до 13.000 долари за оние кои ќе одбијат да се самоизолираат
300x250 opst2

Владата на Велика Британија објави дека на патниците од Европската Унија од 2021 година повторно ќе им треба пасош за да влезат во земјата.

„На граѓаните на Европската Унија повторно ќе им треба пасош за влез во Велика Британија, наместо лична карта, што сè уште важи меѓу преостанатите 27 членки на Унијата, од октомври 2021 година“, објави владата.

Новото правило важи и за посетителите од Швајцарија, Исланд, Норвешка и Лихтенштајн.

Британската влада донесе одлука да ги врати пасошите тврдејќи дека личните карти се помалку безбедни.

Велика Британија официјално ја напушти ЕУ кон крајот на јануари.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Макрон: Ја потценивме Русија – 24info.mk

САД му ветија безбедносни гаранции на Катар, по неодамнешниот израелски напад во Доха

Хамас бара точен рок за повлекување на Израел од Газа и гаранции за завршување на војната