Утрински Весник
Македонија

На Клиника во моментов се врши тестирање за корона вирус кај патничка која пристигнала од Милано

На Клиника во моментов се врши тестирање за корона вирус кај патничка која пристигнала од Милано

Скопје,  25 февруари 2020 (МИА) – На Клиниката за инфективни болести во моментов се врши тестирање за корона вирус кај патничка која пристигнала од Милано.

Како што објави Министерството за здравство на својата веб страна, резултатите од патничка која пристигнала со вчерашниот попладневен лет од Милано во Скопје ќе бидат готови во наредните 4 часа.

Од Министерството информираат дека по добиените резултати, веднаш ќе ја известат јавноста. бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Дали ни е потребна „принудна управа“ за да ја спасиме државата?

Скопјанец ја нападнал својата сестра па ѝ го оштетил возилото

Се степале затвореници, еден завршил на Клинички центар