Утрински Весник
Магазин

Најстариот човек на светот повторно е Јапонец – има 112 години и 344 дена

Најстариот човек на светот повторно е Јапонец – има 112 години и 344 дена
Dik 300x250 mk

Лос Анџелес, 12 февруари 2020 (/) – Новиот Гинисов рекорд за највозрасен човек на светот од денеска му припаѓа на Јапонецот Читетсу Ватанабе од Нигата, кој има 112 години и 344 дена.

Јапонецот, инаку роден 1907 година, сака слатки и верува дека насмевката е лековита.

Претходниот рекордер беше, исто така – Јапонец, Масазо Нонакас, кој почина минатиот месец. Највозрасна жена е Јапонката Кане Танака, која има 117 години.

Прашан – во што е тајната на неговата долговечност, Ватанабе препорачува луѓето никогаш да не се лутат и секогаш да се насмеани.

Ватанабе завршил земјоделско училиште и потоа се преселил на Тајван, каде работел на плантажи за шеќер. Таму живеел 18 години. Се оженил со сопругата Мицу и имале пет деца. По Втората светска војна, Ватанабе се вратил во Нигата.

До пред десет години се занимавал со бонсаи, па и учествувал на изложби на минијатурни дрвја. си/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Фестивалот „Хаус оф Три” го враќа шармот на скопје на три градски локации

Тихиот Океан рекордно топол, мистериозен топол бран ги збунува климатолозите

НАЈОПАСНИ ДАТУМИ ДО КРАЈОТ НА 2025 ГОДИНА: Погледнете кога треба да обрнете посебно внимание и да се соочите со предизвиците