Утрински Весник
Свет

Најмалку 15 лица загинаа во село во Конго, напаѓачите ги сечеле селаните со мачети

Најмалку 15 лица загинаа во село во Конго, напаѓачите ги сечеле селаните со мачети
Dik 300x250 mk

Милитанти вооружени со огнено оружје и мачети убиле најмалку 15 лица, а раниле четворица во напад извршен рано врз село во источната провинција Итури во Конго, соопштија локалните власти.

Напаѓачите упаднале во селото Сјери Аберкозо во мугрите и ги исекле селаните со мачети, а потоа запалиле неколку згради, потврдил локалниот функционер Инокент Матукадала, пренесуваат агенциите.

„Имаме околу 15 загинати и четворица ранети. Двајцата повредени се во критична состојба и не знаеме дали ќе преживеат по Божја волја“, рече Матукадала и ја обвини „Кодеко“ за нападот, која претходно овој месец уби 60 лица од кампот за раселени лица во друго место во провинцијата Итури.

„Кодеко“ е една од неколкуте милитантни групи активни во источно Конго, каде што судирите околу земјата и ресурсите поттикнаа децениско насилство.

Можете да прочитате

Силен земјотрес ја стресе Јапонија

Во ФБИ истрага уапсени и НБА играчи и тренери

Трамп го помилува основачот на најголемата светска криптоберза „Бинанс“