Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Најголемиот тунел за шверц на дрога откриен под границата на САД и Мексико

Img 7972

Американските власти открија подземен тунел меѓу Калифорнија и Мексико, долг колку фудбалско игралиште.

Тунелот има струја, вентилација, железнички систем, а ѕидовите се зајакнати, пренесува „Гардијан“

Истражителите утврдиле дека тунелот водел до складиштето до индустриската зона на американско тло. Тунелот се наоѓа на 800 метри од граничниот премин Отаи Меса, помеѓу мексиканската Тихуана и американскиот Сан Диего.

Откако надгледувале куќа која до неодамна се користела како „кутија за дрога“, американските агенти почнале да запираат возила во близина на магацин и пронашле кутии полни со кокаин, се вели во федералниот кривичен извештај на Окружниот суд на САД во Сан Диего.

Федералните агенти заплениле 799 килограми кокаин, 75 килограми метамфетамин, 1,6 килограми хероин од запрени автомобили, а шест лица се уапсени. Од 2006 година, американските власти открија 15 иновативни тунели на границата со Мексико.

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот