Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Натпреварите во Германија ќе бидат без публика до крајот на 2020 година

Германија испушти победа над Аргентина
300x250 opst2

Минхен, 8 април 2020 (МИА) – Натпреварите во Бундеслигата, најверојатно, ќе се играат без публика, не само до крајот на оваа сезона, туку и до крајот на 2020 година.

Ова го изјави во интервју за „Њујорк Тајмс“ главниот извршен директор на Лигата, Кристијан Заиферт.

Шефот додава дека сите екипи од германската елита веќе тренираат и уште еднаш го потврдија планот за обновување на сезоната на почетокот на мај и завршување пред 30 јуни.

Натпреварите ќе се играат на сите 36 стадиони на екипите од Првата и Втората Бундеслига. Според Заиферт, во овие услови нема да има летен трансфер прозорец во Европа.

– На краток рок, јас би рекол дека трансфер пазарот нема да постои ова лето, тој ќе пропадне. Некои агенти одеднаш ќе сфатат дека ќе треба да работат напорно или барем да работат; некои лиги ќе сфатат дека парите не се нешто што автоматски паѓаат секој месец од небото, рече Заиферт.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути

Арената се полни, Македонија ќе го пречека Казахстан пред полн стадион

Македонската фудбалска репрезентација го пречекува Казахстан во претпоследниот квалификациски меч за СП 2026