Утрински Весник
Свет

Над 20 летови откажани на аеродромите во Москва поради лошото време

Над 20 летови откажани на аеродромите во Москва поради лошото време
Dik 300x250 mk

Најмалку 20 летови се одложени или откажани на московските аеродроми поради лоши временски услови, покажува распоредот на летови во Москва објавен на Интернет.

До 6.45 часот по локално време, на аеродромот Шереметјево се одложени три, а пет откажани. Три лета се откажани на аеродромот Домодедово, два се одложени, еден лет е откажан на аеродромот Жуковски, додека два лета се откажани и четири одложени на аеродромот Внуково.

Руското Министерство за вонредни ситуации издаде претходно предупредување дека ноќта меѓу понеделник и вторник во Москва се очекува влажен снег, магла и црн мраз.

Можете да прочитате

Новата премиерка на Јапонија свири тапани за опуштање, има црн појас во карате и вози мотор

Најмалку 40 мигранти загинаа во бродолом во близина на Тунис

Белгиската армија доби овластување за соборување беспилотни летала